„Спартанците“ не се предаваат, Турција нов предизвик на одбојкарите на ЕП

Одбојкарската репрезентација на Македонија ја продолжуваат борбата на Европското првенство и денес ја чека нов предизвик и дуел против добро познатиот противник Турција.

Нашите одбојкари забележаа два порази во воведните две кола на континенталниот собир, па попладнево ќе мораат да атакуваат на чудо против селекцијата која што на стартот приреди голема сензација и го совлада фаворитот во групата Русија.

Откако славеше над големата Русија во првото коло, четата на Озбеј се радуваше и против Шанија со 3-1, во натпревар со многу осцилации во двата табора. Македонија пак, по поразот од домаќинот во групата Финска со еден освоен сет, во второто коло остана без сили за надигрување со Холандија, а дополнителен проблем за селекторот Николиќ беше отсуството на двајца одбојкари, кои наместо на терен завршија во карантин во Тампере.

Играта на Турците ни е добро позната, затоа што против нив се изборивме за второ учество на ЕП. Во клучниот меч од квалификациите, Македонија со 3-1 славеше над Турција и си го отвори патот до европската елита. 

Според квалитетот и формата, Турција е голем фаворит на овој натпревар (13:00), но Македонија на чело со Никола Ѓоргиев го нема кажано последниот збор и е подготвена за чудо во „Хакаметска Арена".