• Зоран Мишевски
Бројот на македонски одбојкарки во странство секоја година се зголемува. Македонската одбојкарска репрезентативка, Софија Ричлиева ќе ја продолжи интернационалната кариера во словачкиот клуб Спартак Комарно.
Таа потпиша за овој клуб, а минатата сезона настапуваше во Финска, во клубот Џими од Нурмо. 25-годишната Ричлиева, која игра на позицијата техничар, минатата сезона настапуваше за финскиот клуб Џими од Нирмо, а на словачкиот прволигаш треба да му помогне да влезе во плејофот.
Словачка за Ричлиева е нова дестинацијата во нејзината богата интернационална кариера, откако претходно настапуваше за екипи од Италија, Турција, Косово, Данска, Грција, Хрватска и Шпанија.