Словенија во четири сета ја победи Украина и е првиот полуфиналист на ЕП

Одбојкарската репрезентација на Словенија е прв патник во полуфиналето на Европското првенство. Словенечките одбојкари ја совладаа Украина со 3-1 и си обезбедија место меѓу четирите најдобри. 

Уште од стартот фаворитот ја оправдуваше својата улога, тргна сигурно и го доби првиот сет со 25-17. Сепак, тогаш следеше „будење“ на Украинците кои пружија отпир. Вториот сет беше најдолг, се играше на разлика, а Словенија го доби со 31-29. 

Веќе во третиот, на сцена стапи и Украина која успеа со 25-21 да ги врати надежите на натпреварот. Во израмнето надигрување во четвртиот, Словенците го потврдија триумфот и со 25-23 дојдоа до заверка на полуфиналното место. 

Во него за ривал ќе го имаат подобриот од пресметката меѓу Полска и Србија.