Словенија - противникот на „спартанците“ на претстојното ЕП го раскина договорот со селекторот Ковач

Репрезентацијата на Словенија, која е противник на Македонија на претстојното Европско првенство во одбојка, се реши за промени во стручниот штаб. Српскиот стратег, Слободан Ковач, кој од 2017 година седеше на клупата на Словенија, повеќе не е словенечки селектор, откако се договори со федерацијата за спогодбено раскинување на договорот.

Под водство на Ковач, Словенците обезбедија историски пласман на Светското првенство во 2018 година, а исто така успешно ја предводеше репрезентацијата и во настапите од Светската лига. Поради тоа оваа одлука е изненадувачка, а неговиот наследник ќе биде познат во следниот период.

Македонија на претстојното Европско првенство покрај со Словенија, во групата Ц ќе игра и со бранителот на титулата Русија, Финска, Турција и Белорусија.