Словенија пропушти златна прилика, Италија седми пат е европски првак!

Италија по седми пат ја освои европската титула во одбојка во машка конкуренција, откако се направи пресврт во финалето против Словенија и запиша победа од 3-2 (22-25, 25-20, 20-25, 25-20, 15-11).

  • Најинтересните моменти од натпреварот:

„Аѕурите“ не се откажаа, иако имаа негатива од 2-1. Со два сета во низа одново се искачија на врвот на Европа, првпат по 2005 година. Словенците има за што да жалат на оваа средба. Во сите сетови беа рамо до рамо со противникот, а во загубените испуштија неколку шанси за потврда на одличниот турнир.

Одлучувачкиот петти сет заврши во полза на Италијанците со 15-11. Сервисот ги служеше младите „ѕвезди“ од Серија А, посебно Микелето. Словенците отворија со 3-0, но ниту тоа не ги поколеба италијанските одбојкари. Брзо израмнија, Микелето поврза ас поени и брзо предност достигна +5. Џулијано се обиде со минута одмор и замени на блокерите да го поремети ритамот, но не успеа. 

Романо, Микелети и Алцани финалето го завршија со двоцифрен број поени, а одлична поддршка имаа во Лавиа. Кај Словенците блескаше Цебуљ, а одлично финале одигра и Арнаут. Со овој триумф италијанските одбојкари останаа на второто место на вечната листа, зад Русија која има дванаесет злата во својата историја. Симоне Џанели е прогласен за најкорисен одбојкар на Европското првенство (МВП). Тој освои 52 поени на шампионатот и ги водеше „аѕурите“ до ова големо златно одличје. 19-годишниот Микелети му беше сериозна конкуренција, но жирито одлучи да му даде предност на поискусниот.

Италија, водена од Де Џорџи, ги победи сите ривали на патот до златото, вклучувајќи и два триумфа против Словенија, еден во групата и еден во финалето. Ова е двојна победа на најодбојкарската нација во светот, бидејќи пред петнаесет дена во Белград, италијанските одбојкарки го освоија европскиот трон. Бронзата на континенталниот собир ја освои Полска која во три сета ја победи Србија во битката за третото место.

  • Церемонијата на прогласување на победниците: 

На ова Европското првенство учествуваше и македонската репрезентација, но ги загуби сите пет натпревари во групната фаза во Тампере.