• Горан Упале
Одбојкарската репрезентација на Словенија ја оправда фаворитската улога и стана првиот патник во полуфиналето на Лигата на нации, откако во четвртфиналето во Нингбо убедливо ја совлада Турција со 3-0.
Словенците уште во првиот сет покажаа квалитет и го добија со 25-21. Следните два понудија далеку поголема драма, но Турција не успеа да го продолжи натпреварот.
Вториот сет заврши со 35-33 за Словенија, додека вистински маратон се играше во третиот, во кој фаворитот славеше со неверојатни 39-37 и ја завери победата од 3-0.
Со овој триумф Словенија обезбеди место меѓу четирите најдобри селекции во Лигата на нации, а во полуфиналето ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу Полска и Украина.