• Саше Љолес

Репрезентацијата на Словенија го освои бронзениот медал во Лигата на нации, откако во „малото финале“ ја совлада селекцијата на Јапонија со конечни 3-1, по сетови 25-21, 26-28, 25-22 и 25-22.
Беше видена голема битка, Јапонците упсеаја да го освојат вториот сет и се држеа добро и во другите делници, но квалитетот на „змајчеки“ излезе на виделина кога беше најпотребно.
Третиот и четвртиот сет Словенија ги доби со идентичен резултат (25-22), со што заслужено стигна до победа и трето место во конечната разврска.
Во борбата за златниот медал, се соочуваат селекциите на Соединетите Американски Држави и Полска.