Следната недела Македонија ќе ги дознае противниците за ЕП

На 16 јануари во Брисел, напоредно со настапите на нашите ракометари на Светското првенство во Германија и Данска, нашите одбојкари ќе ги дознаат своите противници за Европското првенство.

Со оглед на тоа што првпат ќе се игра шампионат со 24 селекции, Македонија ќе биде во групата на селекции со најслаб рејтинг - таканаречен шести барабан. Четирите групи ќе бидат попонети со по шест селекции, а најдобрите четири од секоја група ќе се пласираат во следната фаза.

Голема е веројатноста нашиот национален тим да добие најмалку два гиганти на европската одбојка. Ждрепката ќе одреди во која од четирите земји домаќини ќе се играат натпреварите со оглед на тоа што ждрепката нема да биде диригирана и Македонија може да се најде во група во било која земја.

Европското првенство ќе се одржи од 12 до 29 септември во Словенија, Холандија, Белгија и Франција.