Скопското дерби за Работнички, победи и за струмичките екипи

Немаше поместувања во пласманот на женскиот одбојкарски шампионатот затоа што фаворитките ја потврдија улогата во петтото коло. Наковски волеј славеше кај Пелистер волеј во четири сета и остана прв со биланс 5-0 и со поголем број бодови во однос на Работнички Скопје. Екипата од главнит град беше подобра од Вардар жени со 3-0 и исто како и Наковски има пет победи што е спротивен биланс од црвено-црните.

Јанта волеј Кисела вода и Струмица жени се на 4-1 откако бранителките на двојната круна дома беа подобри од Универзитет во Тетово, аструмичанки успешно го минаа гостувањето кај Фит фан волеј.

Прва лига
Петто коло:

Пелистер волеј – Наковски волеј 1-3 (10-25, 25-17, 9-25, 13-25)
Вардар жени – Работнички Скопје 0-3 (9-25, 9-25, 10-25)
Јанта волеј КВ – Универзитет во Тетово 3-0 (25-13, 25-22, 25-20)
Фит фан волеј – Струмица жени 0-3 (15-25, 14-25, 16-25