Скандал на ЕП: Полјаците монтираа „видео-челенџ“ во полуфиналето со Словенија? (ВИДЕО)

Полска

Италија е нов европски шампион, со победата во маратонското финале над репрезентацијата на Словенија.

>>> Словенија пропушти златна прилика, Италија седми пат е европски првак!

Неколку контроверзни моменти го одбележаа европскиот шампионат оваа година. Завршницата се одржа во Полска, а домаќинот беше обвинет за монтирање на „видео-челенџ“ во полуфиналната пресметка со Словенците.

При една акција, беше досуден блок-аут и беше доделен поен за Словенците. Меѓутоа следуваше реакција од страна на Полјаците кои побараа разгледување на снимката. Се чекаше неколку минути за реакција од видео-собата, што речиси никогаш не се случува.

Тоа ги натера словенечките навивачи да го обвинат домаќинот за измама. Фотографиите кои беа споделени на социјалните мрежи покажуваат детали од спорниот момент.