Сите домаќини го визираа четвртфиналето на женскиот одбојкарски Куп

Сите четири домашни екипи ја искористија предноста и обезбедија пласман во четвртфиналето на одбојкарскиот Куп на Македонија во женска конкуренција. Јанта волеј, Виктори волеј, УГД Студент жени и Пелистер волеј загубија по еден сет, но сепак стигнаа до посакуваната победа. 

Претколо за четвртфинале (жени):
Јанта волеј – Бами Кор 3-1
Виктори волеј – Ускана 3-1
УГД Студент жени – Универзитет во Тетово 3-1
Пелистер волеј – Македонија Макс 3-1

Според пласманот од првото до четвртото место во лигата, бранителките на двојната круна, одбојкарките на Работнички Скопје, како и Вардар жени, ланскиот финалист Наковски волеј и Струмица жени обезбедија директно учество во четвртфиналето на Купот.

Првите четвртфинални натпревари во машка и во женска конкуренција се закажани за 19 февруари, а реваншите една недела подоцна.