Чудото на чекор: Македонија сама одлучува дали ќе игра на ЕП!

Репрезентациите на Шведска и Летонија успеаја да победат во своите квалификациски мечеви и да ја остават Македонија во игра за пласман на Европското првенство (ЕП) во одбојка.

На двата меча потребен за нас беше триумф на домаќините, кој и се случи. Во првиот натпревар кој ни беше важен, во Гетеборг, Швеѓаните одиграа доминантно и со 3-0 го збришаа Азербејџан (25-13, 25-19, 25-16). 

Во Јелгава, пак, Летонија во возбудлив натпревар со 3-1 (28-26, 24-26, 25-23, 25-23) славеше над Израел и Македонија сама ќе решава за својата судбина и настапот на ЕП.

Доколку Македонија успее да ја победи Унгарија во СРЦ „Кале“ со најмалку 3-1 во сетови, тогаш нашата земја за првпат во историјата ќе игра на еден европски одбојкарски собир.