Шутова славеше во дербито против Вардар, Џио Струмица ја декласира Лирија

По завршувањето на Куп-натпреварите изминатиов викенд се одржа редовното петто коло од втората фаза на одбојкарскиот шампионат на Македонија. 

Според очекувањата најинтересно беше во Скопје, каде тимот на Шутова со 1-3 го совлада големиот ривал Вардар, додека на останатите натпревар немаше некои поголеми изненадувања. 

Резултати од 5. коло на одбојкарскиот шампионат: 
Вардар – Шутова 1-3 (23-25, 22-25, 25-23, 23-25)
Весна Пробиштип – Универзитет во Тетово 1-3 (18-25, 18-25, 25-23, 16-25)
Лирија – Џио Струмица 0:3 (14-25, 10-25, 9-25)
УГД Студент – Јанта волеј 0-3 (19-25, 18-25, 23-25)
ГОК Борец – Дибра волеј 3-0 (25-16, 25-15, 25-10)

На половина од Втората фаза-1 може да се заклучи дека Џио Струмица и Универзитет во Тетово се сигурни на првите две позиции, Вардар и Шутова ќе играат за третото место, а Весна Пробиштип е сè подалеку од полуфиналето.