Шутова немоќна против шампионот, Џио Струмица втор финалист на Купот

Освојувачот на двојната круна минатата сезона, Џио Струмица, е вториот финалист на Купот на Македонија во одбојка за мажи. Струмичани одговорија на предизвикот и синоќа во Кичево ја совладаа екипата на Шутова со 2-3 (25-23, 26-24, 17-25, 22-25, 15-17).

Со оглед на тоа што и на првиот натпревар во Струмица извојуваа победа од 3-1 во сетови, фаворитите сосема заслужено ќе се борат за трофејот.

Џио Струмица во финалето ќе се сретне со Универзитет Тетово, екипа која во полуфиналето двапати го победи Вардар.

Во женското финале ќе се сретнат Работнички-Жени и Наковски волеј.

Терминот и домаќинот на финалните натпревари дополнително ќе биде одреден.