Шутова го декласира непоразениот лидер Џио Струмица

Шутова експресно славеше во дербито со шампионот Џио Струмица, којшто веќе нема стопроцентен биланс. Шутова победи во супер-дербито од шестото коло на Втората фаза на одбојкарскиот шампионат на Македонија и се изедначи со Вардар кој триумфално мина на теренот на Весна Пробиштип. Скопските црвено-црни и натаму се трети поради нијанса во сет-количникот, но сега се под уште посилен напад од Шутова.

Универзитет во Тетово очекувано беше поуспешен од Лирија во локалното дерби, по што има негатива од два триумфа во однос на струмичани, а три победи предност пред Вардар и пред Шутова. Во последното коло од понеквалитетниот сегмент, Јанта волеј и УГД Студент ја потврдија фаворитската улога против ГОК Борец, односно Дибра волеј.

Овие четири екипи го завршија натпреварувањето, а на крајот на сезоната Јанта волеј ќе го заземе седмото, УГД Стдент осмото, ГОК Борец деветтото, а Дибра волеј последното место.

Втора фаза - 6. коло
Шутова – Џио Струмица 3-0 (25-17, 25-19, 25-23)
Весна Пробиштип – Вардар 1-3 (17-25, 27-25, 14-25, 17-25)
Лирија – Универзитет во Тетово 0-3 (17-25, 23-25, 27-29)
Јанта волеј – ГОК Борец 3-1 (25-20, 24-26, 25-14, 25-16)
Дибра волеј – УГД Студент 0-3 (21-25, 13-25, 14-25)

И покрај поразот, Џио Струмица останува лидер со 41 бод, четири повеќе од второпласираниот Универзитет во Тетово.