Шутова е првиот финалист, Вардар и Џио Струмица ќе играат „мајсторка“

Екипата на Шутова е првиот финалист во плеј-офот на одбојкарскиот шампионат на Македонија, откако со 3-0 (25-21, 25-23, 25-22) пред својата публика го совладаа тимот на Универзитет во Тетово. 

Овој викенд не го даде вториот патник во финалето, затоа што Вардар на свој терен синоќа успеа да се избори за „мајсторка“, совладувајќи го големиот фаворит Џио Струмица со 3-0 во сетови. Решавачкиот меч ќе се одигра во Струмица за два дена.

Кај дамите, пак, веќе е познат финалниот пар, а ќе го сочинуваат екипите на Работнички Жени и Работнички Скопје. Работнички Жени во полуфиналето го елиминира шампионот Јанта Волеј, додека Работнички Скопје беше поуспешен од Наковски Волеј.

Финалната серија стартува в петок, а прв домаќин ќе биде Работнички Скопје.