Шутова подобра од албански Партизан во пријателски натпревар во Кичево

Македонскиот одбојкарски прволигаш Шутова вечер во пријателски меѓународен натпревар славеше против една од најдобрите албански екипи, Партизан, со 3-1 во сетови (25-21, 29-31, 25-17, 25-17).

Бразилецот Маркос Винициус беше најдобар поединец на натпреварот, а голема помош имаше и од Украинецот Станислав Азаров.

Заради овој меѓународен дуел, првенствениот натпревар со Весна Пробиштип, кичевчани одложија за в четврток.

Видно засилената Шутова пролетва се претпоставува дека ќе биде најсериозен кандидат на првакот Џио Струмица.