• Горан Упале
Одбојкарите на Штип УГД испишаа клупска историја и за првпат ќе играат за трофејот во Купот на Македонија. Во својата сала „Јордан Михајлов“ штипските одбојкари извојуваа голема победа над Работнички од Скопје и со тоа за првпат ќе бидат во ситуација да играат за трофеј во ова натпреварување. Штипјани извојуваа победа со 0-3 (23-25, 20-25, 18-25) за нешто повеќе од еден час борба.
Најавите предвидуваа голема борба, но првото полуфинале мина целосно во знакот на домашните одбојкари. Работнички, иако е подобро позициониран на првенствената табела, вечерва немаше никакви шанси против расположениот ривал.
- Комплетниот натпревар меѓу Работничкки и Штип УГД:
Најтесен и најнеизвесен беше првиот сет. Работнички го следеше чекорот на штипјани, но во финишот домаќинот врза неколку поени и со 25-23 поведе со 1-0. Во вториот сет скопјани, кои исто така атакуваа на прво финале во Купот, успеаја да освојат 20 поени, додека во последниот беа инфериорни и Штип со 25-18 заслужено се радува на пласманот во големото финале.
Во второто полуфинале, кое ќе се одигра исто така во Штип, Струмица е голем фаворит против Лирија. Бранител на трофејот е Струмица. За утре се предвидени полуфиналните средби во женската конкуренција, додека двете финалиња се играат в недела.