Штип УГД третпат подобар од Борец, ги обедини двете круни во мак-одбојката!

Одбојкарите на Штип УГД и третпат го победија Борец Волеј (3-0) и го обезбедија шампионскиот пехар во Првата одбојкарска лига на Македонија.

Штипјани ги обединија двете круни во мак-одбојката, бидејќи претходно го освоија и трофејот на завршниот турнир во Купот. Денес Штип доживеа историја, за првпат една екипа од овој град освои шампионски пехар во едно првенство. 

Трипати Штип УГД беше сигурен проив Борец, сите три финални меча ги добија со по 3-0. Денес во штипската сала првите два сета ги добија со по 25-18, а третиот со 25-16. Со оваа победа штипскиот тим ја потврди доминацијаат оваа сезона во одбојката. 

Во женскиот одбојкарски шампионат за трофејот ќе разигруваа Наковски Волеј од Струмица и скопски Работнички, а кај дамите ќе има нов првак по елиминацијата на ланскиот шампион Јанта Волеј.