• Иван Димовски
Одбојкарскиот клуб Штип УГД ќе се судри со Алијанц Милано во натпревар од главната фаза на Челинџ купот.
За таа цел македонскиот прволигаш објави претпродажба на билети за оваа средба во „Хотел Оаза“ во Штип. Клубот одреди популарни цени за билетите, бидејќи еден ќе чини 100 денари, а со тоа штипјани се надеваат на полни трибини.
Натпреварот меѓу Штип УГД и Алијанц Милано се игра в среда во терминот од 19:00 часот во спортската сала „25ти мај“ во Радовиш.