• Зоран Мишевски
Четири домашни и две гостински победи во натпреварите од четвртото коло на машкиот одбојкарски шампионат. Драма имаше само во дуелот во Скопје, во кој Борец го совлада Работнички 71&22.
Шкендија, Струмица и Лирија впишаа лесни домашни победи без загубен сет.
Прва лига (м)
Четврто коло:
Јанта воле - Штип УГД 0-3 (7-25, 10-25, 17-25)
Лирија - Весна Пробиштип 3-0 (25-19, 27-25, 25-17)
Струмица - Вардар 1947 3-0 (25-19, 25-19, 25-15)
Шкендија - Македонија Џио 3-0 (25-11, 25-19, 25-12)
Универзитет во Тетово - Скопје 3-0 (25-16, 25-17, 25-19)
Работнички 71&22 – Борец 2-3 (25-15, 16-25, 19-25, 25-20, 13-15)
Штип УГД е лидер со максимални 12 бода, но може да му се приклучи шампионот Струмица, која има два натпревари помалку.