Штип УГД ќе игра за „двојната круна“ во македонската одбојка

Одбојкарите на Штип УГД обезбедија место во финалето на плејофот кај мажите во македонскиот шампионат.

Штипјани одиграа сигурно и со 3-0 (25-21, 25-12, 25-15) го совладаа Работнички и во реваншот од полуфиналето попладнево во Скопје. По освојувањето на куп-титулата штипскиот состав ќе атакува на двојна круна сезонава.

Штип УГД во финалето ќе се соочи против подобриот од мечот меѓу Борец и Струмица. Првиот натпревар меѓу овие екипи заврши со победа од 3-1 за велешани.