• Зоран Мишевски
Викендов беа одиграни вторите турнири во машка младинска конкуренција, по кои екипите на Штип УГД во групата А, односно на Струмица 47&72 се единствените непоразени досега.
Штипјани во рамките од групата А загубија еден сет во дуелот со еден од главните ривали ГОК Борец, а со тоа и бод, па со 11 бода се на врвот на табелата во своето друштво. Актуелниот шампион кај младинците Работнички 71&22 е втор на табелата со подобар поен количник од ГОК Борец, со кој има ист број на победи и порази 2-2, како и освоени/загубени сетови 5-4. Шкендија има ист скор две победи и две порази, со со пет бода. Екипата на Универзитет во Тетово втор викенд во низа не се појавува на турнир, а со неодиграни три натпревари според Пропозициите следува суспензија и дисциплинска постапка.
Во рамките од групата Б Струмица 71&22 има максимални „четири од четири“ победи и осум освоени сетови, со 12 бода. Најинтересниот меч на вториот турнир го одиграа Весна Пробиштип и Јанта Волеј мажи (2-1) со кои тимот од Пробиштип застана на втората позиција на табелата. Македонија Џио со имаше половично успешен викенд и со пет бода е трета, додека Јанта Волеј мажи во моментов е четврти во оваа група.