• Зоран Мишевски

Во знакот на драматичниот дуел меѓу Лирија и Вардар, кој во пет сета го добија гостите од Скопје, овој викенд се одиграа натпреварите од второто коло на одбојкарскиот шампионат на Македонија.
Гостински победи запишаа и Скопје, Штип УГД и Борец, а пред своите гледачи се радуваше само Универзитет во Тетово.
Второ коло:
Работнички 71&22 – Штип УГД 0-3 (18-25, 19-25, 17-25)
Сушево – Скопје 1-3 (19-25, 25-20, 20-25, 22-25)
Шкендија – ГОК Борец 1-3 (20-25, 25-15, 21-25, 12-25)
Лирија – Вардар 1947 2-3 (25-20, 25-22, 24-26, 23-25, 11-15)
Универзитет во Тетово – Весна Пробиштип 3-0 (25-16, 25-10, 25-17)
Јанта Волеј – Струмица - одложен
Слободна: Македонија Џио
Во очекување на одигрувањето на заостанатиот натпревар на шампионот Струмица, со максимален учинок на врвот се Штип УГД и Борец.