Штип УГД и Борец лесно до победи во вонредното коло

Домашните екипи беа далеку подобри од гостинските во првото вонредно коло од шампионатот на Македонија во одбојка. Фаворитите од Штип и Велес стигнаа до лесни бодови, а на гости славеше само Работнички 71&22.

Првакот Струмица беше слободна во третото коло.

Трето коло:
Штип УГД - Лирија    3-0
ГОК Борец - Универзитет во Тетово    3-1
Шкендија - Скопје    3-0
Весна Пробиштип - Работнички 71&22    0-3
Македонија Џио - Сушево    3-2
Вардар 1947- Јанта волеј (01.11.2024)
Слободна: Струмица

Веќе за викендов се играат натпреварите од четвртото коло на одбојкарскиот шампионат на Македонија.