• Горан Упале
Лидерот Штип Угд и Борец Велес победнички ја отворија полуфиналната серија во Првата лига мажи.
Штипјани со 3-1 (22-25, 25-10, 25-14, 25-12) го победи Работнички Волеј, додека Борец со идентичен резултат (21-25, 25-16, 25-19, 25-20) славеше над сè уште актуелниот шампион Струмица.
Двата дуели имаа исто сценарио. Гостите со предност од 1-0 во сетови ги стартуваа средбите, за фаворитите со пресврт да дојдат до победа која ги носи на чекор до финалето на плеј-офот и битката за шампионската титула. Реванш натпреварите од полуфиналето се предвидени за в сабота, четврти април.