ВИДЕО: Шпановиќ со историски скок од 7.24 метри го одбрани златото од Прага

Српската хероина Ивана Шпановиќ го одбрани златото во скок во далечина на Европското првенство во атлетика во сала во Белград. Таа трипати скокна преку 7.15 метри, што е вистински подвиг, а во третата серија нејзиниот ском од 7.24 метри е трет најдолг во историјата на натпреварувањата во сала. Овој резултат е најдобар во последните 28 години во оваа дисциоплина.

Србинката беше единствена со прескокнати седум метри и израдува преку 15.000 гледачи во „Комбанк арената“. Среброто го освои Лорен Уген од Велика Британија со скок од 6.97 метри.

Како бронзена на пиедесталот се искачи Клаудиа Салман Рат од Германија со прескокнати 6.94 метри. Дарија Клишина, која се претпоставуваше дека ќе биде најсериозен кандидат на Шпановиќ, заврши на чевртото место со скок од 6.84 метри.