• Зоран Мишевски
Македонската одбојкарска репрезентација со победа го започна настапот на Европското првенство. Нашата репрезентација ја израдува неколкуилјадната публика во салата „Борис Трајковски“ и славеа многу важна победа над Данска со 3-1, по сетови 22-25, 25-22, 25-19 и 25-22.
„Имаме добра енергија во тимот. Кога секој што ќе изработи тоа што треба, победата самата доаѓа.
Македонската јавност беше симпатична, мило ми е што имаше навивачи. Црна Гора ќе ја „дувнеме“, но прво треба да се одмориме. Шоуто тука чини 500 денари, ако сакаат да нè гледаат, ако не на ТВ е бесплатно.
Верувам дека на следниот меч ќе дојдат во поголема бројка“, вели Ангеловски.
Најефикасни во нашата репрезентација беа капитенот Никола Ѓоргиев со 16 и Александар Љафтов, кој додаде уште 15, од кои неколку во најклучните моменти од натпреварот.