ВИДЕО: Шок во Бразил - поранешна одбојкарка остана без свест среде интервју

Бразил одбојка

Несекојдневна ситуација настана за време на еден одбојкарски натпревар во Бразил.

Поранешната репрезентативка на „кариоките“, Жакелин Карваљо, даваше интервју на ТВ пренос за време на финалето во бразилското првенство. Таа беше присутна како поддршка на својот сопруг Ендрес Мурило.

Додека зборуваше, таа кажа дека не се чувствува најдобро, а потоа наеднаш загуби свест. Голема среќа што репортерката беше присебна и спречи да падне на земја. Во медиумите се пишува дека инцидентот бил предизвикан од големата температура во салата.

Нејзиниот најголем успех со бразилската репрезентација е златниот медал на Олимписките игри пред три години.