Шкендија се засили со тројца балкански одбојкари во пресрет на новата сезона

Македонскиот одбојкарски прволигаш Шкендија почна да формира ростер во следната сезона во која влегува со големи амбиции.

Тетовчани донесоа три нови имиња во екипата, трите доаѓаат од територијата на поранешна Југославија. Се работи за двајцата Босанци Џемил Јелашковиќ и Бахрија Зеновиќ родени во 1993 година, како и Црногорецот Вук Меденица роден 1989 година.

Меденица, од кого се очекува да биде главен поентер, доаѓа од Србија каде го носеше дресот на Караѓорѓе Топола, Зеновиќ кој игра како коректор настапуваше за тимот на Јединство Брчко, додека примачот Јелашковиќ доаѓа од тимот на ОК Какањ од БиХ.

Во македонската одбојка двојната круна ја брани Џио Струмица. Лани конкуренти ѝ беа Универзитет Тетово и ОК Вардар.