• Иван Димовски

Одбојкарите на Струмица Никоб загубија во домашното првенство во Македонија, првпат по пауза од три години. Струмичани на свој терен капитулираа против екипата на Шкендија која славеше со 2-3.
Домаќинот успеа да поведе откако со 25-18 го доби сетот, меѓутоа следеше пресврт. Шкендија со 25-17 и 25-21 дојде до 2-1, по што Струмица успеа да израмни на 2-2 со 25-19. Сепак, во одлучувачкиот сет тетовчани беа подобри со 15-13.
Најуспешната македонска екипа во последната деценија ја заврши победничката серија во второто коло на главната фаза во првенството. Сега, на осум кола до крајот на лигашкиот дел и Струмица и Шкендија имаат скор од 11-1. Се очекува одлучувачки за првото место пред плеј-офот да биде дуелот во Тетово.
Прва лига (мажи)
Втора фаза-1, (Второ коло)
Работнички 71&22 - Лирија 3-1 (25-16, 21-25, 25-17, 25-13)
Весна Пробиштип – ГОК Борец 0-3 (17-25, 13-25, 9-25)
Струмица Никоб - Шкендија 2-3 (25-18, 17-25, 21-25, 25-19, 13-15)