Шест селекции се чекираа на олимпискиот одбојкарски турнир

Покрај домашната селекција Јапонија, познати се уште шест репрезентации кои ќе учествуваат на машкиот одбојкарски турнир на Летните Олимписки Игри во Токио следното лето. 

Бразил, Италија, Полска, Русија, САД и Аргентина изборија олимписка виза по тешките интерконтинентални квалификации.

Со оглед на тоа што на Олимписките игри учествуваат само 12 селекции, преостанаа само уште пет слободни места, кои ќе ги дадат победниците на континенталните шампионати.

Бранител на олимпиското злато е селекцијата на Русија.