• Зоран Мишевски

Струмица Никоб триумфираше на гостувањето кај Шкендија со 1-3 (18-25, 19-25, 25-23, 13-25) во дербито на двете најуспешни екипи сезонава во Првата македонска машка одбојкарска лига.
Без оглед што првпат сезонава загуби сет на туѓ терен, бранителот на двојната круна го потврди првото место пред разигрувањето. Во преостанатите три кола до полуфиналето, теточани ќе се обидат да го издржат притисокот на ГОК Борец и да ја задржат втората позиција.
Екипата на Работнички 47&22 ја совлада Лирија во пет сета на гостински терен и со тоа оствари речиси недостижна предност во трката за влез во полуфиналето од разигрувањето во Првата македонска машка одбојкарска лига.
Прва лига (мажи)
Втора фаза-1, (Седмо коло):
Лирија - Работнички 47&22 2-3 (20-25, 25-22, 25-23, 17-25, 8-15)
ГОК Борец - Весна Пробиштип 3-0 (25-8, 25-17, 25-13)
Шкендија – Струмица Никоб 1-3 (18-25, 19-25, 25-23, 13-25)
Прва лига (мажи)
Втора фаза-2, (Седмо коло):
Петровец - Македонија Џио 0-3 (9-25, 15-25, 20-25)
Универзитет во Тетово – Штип УГД 3-0 (31-29, 25-22, 25-17)
Слободно: Сушево