• Зоран Мишевски
Со скопски Работнички како голем фаворит и бранител на титулата за две седмици ќе започне женскиот шампионат на Македонија во одбојка. Ждрепката ги соедини двете најдобри екипи од плеј-офот од сезоната 2023/24 на меѓусебен дуел уште во првото коло.
Работнички во Скопје ќе ја пречека Струмица, а вториот струмички клуб, Наковски волеј, пред своите гледачи е фаворит против Младост УГД.
Прво коло:
Работнички - Струмица
Вардар ЕМ - Ускана
Наковски Волеј - Младост УГД
Јанта Волеј - Фит Фан Волеј
Најдобрите четири екипи ќе играат во разигрувањето за титула, а најдобрите две екипи од Втората лига директно ќе бидат промовирани во прволигаши.