Сеул и Задар домаќини на квалификациските турнири за Лигата на нации

Сеул

Сеул и Задар ја добија таа чест да бидат домаќини на квалификациските турнири за Лигата на нации во одбојка за 2023 година. Меѓународната одбојкарска федерација (ФИВБ) потврди дека натпреварите ќе се вратат по пауза од две години, поради пандемијата со коронавирусот.

Турнирите се закажани во период од 28 до 31 јули. Хрватскиот град ќе биде домаќин на репрезентациите во женска конкуренција, а одбојкарите ќе гостуваат во Јужна Кореја.

На турнирите ќе играат осум репрезентации, а натпреварувањето ќе започне од четвртфиналето. Планираниот распоред носи два натпревари на ден.

Победниците на двата турнира ќе играат во Лигата на нации во 2023 година.