• Саше Љолес

Женската одбојкарска репрезентација до 19 години од утре до 15 јуни во Тирана, Албанија ќе учествува на БВА Балканскиот шампионат. По една седмица подготовки во Скопје, селекторот Александар Митев и неговата асистентка Бранка Каленикова го дефинираа списокот од 14 одбојкарки на кои ќе сметаат за овој настап.
Репрезентацијата изутрина отпатува за Тирана, каде попладнево ќе го одработи и првиот тренинг. Македонија на Балканијадата ќе биде дел од групата Б заедно со селекциите на Бугарија, Турција и Косово. Во групата А ќе се натпреваруваат Албанија, Србија, Романија и БиХ.
Сите натпревари од групната фаза Македонија ќе ги игра во салата „Фарка“ во Тирана. Утре од 13:00 часот за прв противник ја има Бугарија, на 12 јуни во истиот термин игра со Косово, додека на 13 јуни исто така во 13:00 часот ќе се соочи со Турција во последното коло од групата.