• Мартин Танасковски

Дејвид Смит, одбојкарот на полска Закса, има животна приказна која е инспирација за секого. Човекот сега е МВП во Лигата на шампионите, но како дете имал голем проблем затоа што бил роден скоро глув.
На двете уши имал проблем со слухот и не слушал од 80 до 90 проценти. Поради тешкото оштетување на слухот тој никогаш не се откажал и продолжил да работи за она кое го сака. Неговите родители му стекнале таква навика, затоа што го запишале во редовно училиште и направиле тој да не го гледа фактот дека е скоро глув како хендикеп.
Затоа што не се чувствувал запоставено од другите, Смит константно се развивал, а никогаш не се откажал и од спортот. Дури и на 38 години тој игра одбојка на највисоко ниво, а со неговите поени Закса стана шампион во Лигата на шампионите.
Средниот блокер од третата година носи апарат кој му помага да слуша, а на теренот чита од усните на соиграчите или противниците, исто ги разбира и нивните движења. Има богата кариера, за која, кажа дека што е повеќе во еден тим – толку му е полесна комуникацијата.
Неговото искуство трипати направија Закса да е европски шампион од 2019 година, па наваму.