• Мартин Танасковски
Српската одбојка добива нов голем настан, ќе се игра „ол-стар“ кај мажите и кај дамите пред крајот на годината, а Македонија ќе има еден репрезент на мечот на ѕвездите во шампионатите на земјата.
Преку гласање на српската спортска страница „Спортал“ во која учествуваа над 200.000 гласачи, како и избор на тренерите, се избраа најдобрите. Меѓу нив е и македонскиот репрезентативец Филип Савовски кој настапува за Војводина Mozzart како блокер.
Машкиот и женскиот „ол-стар“ ќе се играат во петок на 27 декември, а почетокот на настанот е од 18:00 часот.