Санев ги избра дванаесетмината со кои ќе настапи на Балканското првенство во Турција

Одбојкарските надежи до 20 години заминаа за Турција, каде до 28 јуни ќе бидат дел од Балканското првенство во Тирана, а за противници во групната фаза ќе ги имаат селекциите на Грција, Косово и Албанија. 

По подготовките во Штип, селекторот Ванче Санев ги одбра дванаесетмината одбојкари со кои ќе настапува на овој турнир. Црвено-жолтиот дрес во Турција ќе го носат – Костадин Ричлиев, Дарко Тошиќ, Давид Стојанов, Стефан Санев, Јован Илиески, Лука Костиќ, Тимо Шулајковски, Филип Липодовски, Дејвид Ѓорѓиев, Филип Савовски, Бојан Џамбазов и Стојан Илиев. 

Младите одбојкари својот прв натпревар го играат денеска против Грција, утре ќе се судрат со Косово, а в среда во третото коло против Турција. Во полуфиналето ќе се пласираат првите две селекции.