САД и Русија ќе се борат за титулата во Лигата на нации во одбојка

Двете селекции кои играа во групата Б, Русија и Соединетите Американски Држави ќе се сретнат во финалето на Лигата на нации во Чикаго. Русите многу полесно од предвиденото го совладаа светскиот првак Полска со 3-1 (25-19, 24-26, 25-22, 25-21), а пет сета се играа во соочувањето на САД и Бразил.

„Кариоките“ го одиграа најдобриот натпревар на Ф6 турнирот, но загубија со 15-9 во тај-брејкот. Финалниот резултат гласеше (25-21, 17-25, 21-25, 25-20, 15-9).

  • Полска - Русија 1-3:

  • САД - Бразил 3-2:

Големото финале се игра во ноќта меѓу недела и понеделник во 1:00 часот по полноќ по средноевропско време.