Рутински победи на Полска и Србија, комплетирани сите четвртфинални парови

Познати се сите четвртфиналисти на Европското првенство во одбојка, кое заеднички го организираат четири земји. Полска и Србија ќе играат во можеби највозбудливото четвртфинале, во кое ќе се соочат два супер-скапи состави.

Фаворитот Полска ја надигра Белгија со 3-1 во сетови (25-16, 25-17, 23-25 и 25-22). По двата први сета, во кои доминираше тимот на Никола Грбиќ, следеше опуштање и драма, од кое како победник излезе полскиот национален тим.

Србија со 3-0 (25-21, 26-24 и 25-21) ја надигра репрезентацијата на Чешка и се пласира меѓу осумте најдобри селекции, што беше минимална цел за младата екипа на Игор Колаковиќ

Во останатите четвртфинални натпревари ќе играат: Италија - Холандија, Франција - Романија и Словенија - Украина.