Рутински домашни победи за Струмица 47&72 и Универзитет во Тетово

Осмото коло во најсилната македонска машка одбојкарска конкуренција имаше предвидлив тек. На четири натпревари резултатот беше 3-0, а славеа домаќините, а тоа значи дека актуелниот првак, Струмица 47&72, го задржа максималниот ефекти сега има седум победи.

ГОК Борец на второто место заработи пет пред денешното гостување кај Вардар, кој по почетните четири порази забележа два триумфа и се надева на пласман меѓу првите шест, а со тоа и во Втората фаза-1 напролет. Од велешани и од црвено-црните се очекува надигрување и привлечна одбојкарска претстава.

Доколку вардарци ја остварат целта, ќе ја направат поинтересна трката за влез во елитниот сегмент во кој што учествува и Универзитет во Тетово со четири успеси, последниот во саботниот директен дуелсо Весна Пробиштип која е на биланс 3-4. Покрај шесто пласираниот Универзитет во Тетово, во посакуваното друштво засега се и Штип УГД, Шкендија и Лирија со по пет триумфи. Иако одмораше во оваа првенствена рунда, Лирија се израдува на петтата победа сезонава затоа што Извршниот одбор на ОФМ донесе одлука да го регистрира спорниот натпревар со ГОК Борец со постигнатиот резултат, однсоно со 3-2 за тимот од Жеровјане. Тоа значи дека велешани ќе влезат во денешната пресметка со Вардар од второто место затоа што имаат подобар сет-количник од Штип УГД, но промената на позициите во оваа конкуренција може да биде честа сооглед дека до крајот на есенскиот дел ќе има соочувања на директните ривали за подобро рангирање.

Прва лига 
Осмо коло:

Струмица 47&72 – Македонија Џио                 3-0 (25-9, 25-13, 25-14)
Универзитет во Тетово – Весна Пробиштип   3-0 (25-21, 25-22, 25-21)             
Штип УГД – Дибра волеј                                   3-0 (25-19, 25-22, 25-21)
Шкендија – Јанта волеј                                     3-0 (25-15, 25-20, 25-15)
Вардар – ГОК Борец                                           (денес, 18.00)
Слободна: Лирија