• Горан Упале
Младата одбојкарска репрезентација на Македонија до 20 години претрпе пораз од фаворизираната Русија во претпоследното коло од БВА зонските квалификации.
Русите славеа убедливо со 3-0 во сетови (25-18, 25-10, 25-15), оставајќи им малку простор за надигрување на македонските одбојкари.
За нашата селекција останува уште еден натпревар на турнирот во Софија. Во последното коло утре Македонија ќе се соочи со Турција, во обид со позитивен резултат да го заврши настапот на квалификациите.