Русија на „зелена маса“ доби одбојкарски шампиони по прекинот на првенствата

Многу национални федерации се одлучија уште на крајот од март да прогласат национални шампиони. Нема вреќе за чекање и планирање, бидејќи наскоро ќе дојде и новата сезона, а за таа да не биде целосно пореметена, потребни се итни мерки.

Така, Руската одбојкарска федерација именува шампиони во машка и женска конкуренција на незавршените шампионати. Локомотив од Новосибирск во машка и Динамо Казањ во женска конкуренција се нови руски шампиони во одбојка за сезоната 2019/20. Пандемијата на коронавирус ги прекина натпреварите во двете конкуренции во Русија, а утрово е донесена одлука за крај на сезоната и прогласување на најдобрите екипи според пласманот на табелата во моментот на прекин. 

До прекинот, заврши регуларниот дел на сезоната во Русија и почна плеј-офот, меѓутоа титулата, сепак, е доделена на првопласираните екипи после регуларниот дел.