Русија ѝ се одмазди на Франција и се пласира во полуфиналето на ЛН

Русија

Руската репрезентација не одигра перфектен меч, но успеа да ја надигра Франција со убедливи 3-0 (25-16, 25-23, 25-17) во завршната фаза од Лигата на нации, која што се одржува во Чикаго.

Првиот сет беше целосно нерамноправен. Русите поведоа со 20-12 и немаа проблеми да ја задржат високата предност за да поведат во четвртфиналниот дуел.

Во вториот, „триколорите“ покажаа заби, поведоа со 2-7, но не издржаа до крај. Противникот целосно се врати во игра со одличната игра во одбрана и го освои и вториот сет на мечот. Третиот сет беше чиста рутина за рускиот тим кој се одмазди за поразот од Французите во мај. 

Оваа победа за Русија донесе место во полуфиналето каде веќе се пласираa САД и Полска. Последниот патник ќе се решава во меѓусебниот дуел меѓу Бразил и Иран.