Ристески: Добриот резултат од Грузија, нека биде ветер во грб против Грците

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија се подготвува за клучниот натпревар во квалификациите за Европското првенство, против Грција в недела во Скопје. 

По победата над Грузија, нашата селекција може да зачекори кон пласман на уште едно големо натпреварување. Во пресрет на мечот со Грците своите очекувања ги изнесе асистентот на селекторот Кристијан Ристески. 

„Се вративме од Грузија со позитивен резултат, каков што и посакувавме. Тоа треба да ни биде ветер во грб за претстојниот предизвик, дуелот со Грција в недела. Противникот го анализираме, ќе ги усогласиме тренинзите според начинот на нивната игра. Тие се на некое ниво какво што беа мечевите од Европската златна лига. Сметам дека домашната публика и атмосферата можат да пресудат. Овој натпревар е како финале за нас и мислам дека ќе го добиеме“, изјави Ристески. 

Македонија и Грција ќе се судрат в недела во СЦ „Јане Сандански“ во терминот од 20:15 часот. Одбојкарската федерација одлучи влезот за натпреварот да биде бесплатен.