• Зоран Мишевски
Одбојкарите на Струмица првата полусезона од годинашното првенство ја завршија со максимален учинок - дванаесет победи и со само два изгубени сетови.
Сите во клубот се задоволни од постигнатото, а тренерот Кирил Ричлиев го анализираше сработеното.
„Како и минатите сезони и оваа на дофат ни е титулата, дванаесетта досега. Одигравме со максимален резултат и против сите противници забележавме победи. Единствено против Работнички и Штип УГД загубивме по еден сет. Мене ме радува што покрај успесите на сениорскиот тим сите екипи од младинскиот погон се, исто така, првопласирани во своите групи и се надевам дека таму ќе останат до крајот од оваа сезона“, вели Ричлиев.
Во најквалитетното домашно одбојкарско првенство, освен Струмица од овој регион настапуваат и екипите на Македонија Џио од Струмица и Сушево од истоименото село во општина Василево.