• Зоран Мишевски
По завршувањето на репрезентативните обврски, одбојкарите на шампионот Струмица го соблекоа репрезентативниот дрес, па го облекоа сино-белиот.
Од денес, им се придружуваат во сала на клубските колеги и на тренажниот план на стратегот Кирил Ричлиев. Струмичани ги очекува првиот натпревар од Лигата на шампионите, на домашен терен против екипата на Олимпијакос од Грција. Претстои многу возбудлив период, многу новости, старо-нови имиња, планови за кои клубот најави скори информации.
Првиот натпревар струмичките одбојкари го играат во гости во терминот од 17 до 19 септември, а реваншот е во Струмица од 24 до 26 септември. Одбојкарскиот шампионат на Македонија почнува во првата недела од октомври.