Ричлиев останува тренер во Струмица, комплетиран и стручниот штаб

Најдобриот тренер во македонската одбојкарска лига Кирил Ричлиев го продолжи договорот за соработка. За уште поголеми успеси, поголеми резултати и создавање на поголем број на нови репрезентативци, тренерот го зголеми стручниот штаб.

Асистенти кај помладите категории ќе му бидат Костадин Ричлиев, Јане Попов, Васе Михаилов, Киро Арабаџиев и Владо Милев кој ќе помага во развојот на одбојкарите во сите категории по најновите европски програми на „ЦЕВ“.

За здравјето на играчите повторно лидер на медицинскиот тим ќе биде д-р Кочо Манчев. Со него ќе бидaт д-р Душан Королија и физиотерапевтот Александар Црвенковски.