• Зоран Мишевски

Одбојкарите на Џио Струмица во првото коло на Челинџ Купот ќе се сретнат со кипарскиот претставник Омонија Никозија. Станува збор за клуб кој има огромна традиција и е редовен учесник во европ-купови, но без некои значителни успеси на европска сцена.
Стратегот на струмичани Ричлиев вели дека Џио Струмица може да се носи со Никозија, која е екипа со огромно искуство на европската сцена.
„Искуството е на нивна страна, но ние ова година составивме добра екипа. Еден спој на младост и искуство и верувам дека екипата одлично ќе биде подготвена за двомечот со Кипарците и одлично ќе ја преставиме познатата струмичка одбојкарска школа. Имаме доволно време за достигнување на посакуваната форма. Со добра работа и одигрување на контролни средби, екипата ќе биде подготвена за евро настапите” изјави за „drnka.mk“, Кире Ричлиев
Првите натпревари се закажани за периодот од 8 до 10 ноември во Струмица, додека реваншите ќе се играат од 13 до 15 ноември.